6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на Ryanair

Зголемен профитот на Ryanair

ryanair1

Ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Ryanair“ повторно го зголеми очекуваниот годишен профит, врз основа на непредвидено големата продажба на билети за оваа зима.

Новата проценка за растот на профитот ја зголеми цената на акциите на компанијата за девет проценти, на рекордни 9,5 евра.

Најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија, со седиште во Даблин, соопшти дека очекува дека во фискалната година, која завршува во март, ќе оствари профит од најмалку 810 милиони евра, осум проценти повеќе отколку што беше предвидено во минатомесечната проценка.

Во соопштението се додава дека во ноември се продадени 88 проценти од билетите, во однос на 81 процент во истиот месец една година претходно и дека особено добра била продажбата на билетите за бизнис класата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП