6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкот на пилотите чини 25 милиони евра дневно

Штрајкот на пилотите чини 25 милиони евра дневно

strajk lufthanza 23

Пилотите на германската авиокомпанија „Lufthanza“ oд утринава од три часот повторно штрајкуваат, десетти пат по ред во оваа година.

Штрајкот ќе трае до полноќ и посебно ќе ги погоди патниците на најголемите аеродроми во Франкфурт, Минхен и Дизелдорф.

Организаторот на протестот, синдикатот „Vereinigung Cockpit“ кој претсавува околу 5.400 пилоти вработени во „Lufthanzа“, се бори да ги задржи досегашните услови за предвемено заминување во пензија на пилотите со 55 години и висина на пензијата од 60 проценти од платата до навршени 65 години од животот, кога ќе започне да се исплатува целата пензија.

Компанијата досега плаќаше годишно осум проценти пилотска заработка на сметка „преоден период“, до заминување во државна пензија, а сега со зголемувањето на старосната граница за предвремена пензија, се бара и учество на пилотите за финансирање на тој период.

На отпорот на пилотите се најдоа и плановите на шефот на „Lulfthanzа“, Карстен Шпорт за формирањето на „ќерката“ компанија, која би била конкурентна со евтини услуги, пренесуваат германските медиуми.

Под имињата „Eurowings“ и „Germanwings“, „Lufthanza“ сака заедно со германско-турската компанијата „SunExpress“ да понуди евтини директни европски летови, но и на долгите линии, при што Келн/Бон би требало да бидат базни аеродроми.

Штрајкот на пилотите на „Lufthanzа“, кој би требало да биде завршен на полноќ, ќе ја погоди германската економија и со дури 25 милиони евра дневно, по штрајкувачкиот ден, ја пренесува таблоидот „Bild“ изјавата на Александра Шуман од германската индустриска и трговска комора.

Компанијата „Lufthanza“ ги информираше патниците за посебниот план за летање и на патниците им стави на располагање бесплатна промена на летовите и други опции за можностите за сообраќајно превезување, и покрај штрајкот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП