28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТужба поради монопол му прети на Apple со милијарда долари

Тужба поради монопол му прети на Apple со милијарда долари

tuzba apple

Во сојузниот суд во Оукланд во вторникот започна парница која би можела компанијата „Apple“ да ја чини и до милијарда долари, доколку ја загуби.

Најголемта светска компанија според пазарната капитализација ја тужи група на приватни лица и компании поради монополско однесување на сервисот за превземање на музика „iTunes“. Имено, таа група, како што пишува „Reuters“, помеѓу 2006-та и 2009-та си купиле „iPod“ уреди, а кога ги превземале омилените песни од „iTunes“ и по неговото подобрување (update), добиле порака дека музиката можат да ја репродуцираат само на „iPod“.

Нивните адвокати во тоа гледаат монополско однесување од страна на „Apple“ затоа што спречуваат репродукција на музика на други уреди. Треба да се потсети дека на „iPod“ неможе да се слуша музика од „RealPlayer“, a „Apple“ во 2006-та тврдеше дека „RealPlayer“ држи само три проценти од интернет музиката, што го чинеше минорен фактор кој би можел да влијае на одлуките на купувачите на „iPod“.

Тужителите во оваа тужба бараат отштета од 350 милиони долари, но тој износ може тројно да се зголеми поради одредбите на американските закони за заштита на конкуренцијата. Технолошкиот гигант одговори дека подобрувањата на софтверот не содржело ништо што би можело да ја наруши конкуренцијата. Сепак, тоа ќе мораат подетално да го објаснат во судница. Се очекува дека во доказниот материјал за најновата тужба ќе влезат и електронската пошта на Стив Џобс, а би требало да сведочи и шефот за развој на софтвер, Еди Куе.

Но, судската постапка нема да биде проблем за компанијата, затоа што оваа тужба е само уште една во низа со која „Apple“ се обвинува за монополско однесување во последните неколку години. Последниот случај датира од минатата година, кога судот во Њујорк пресуди дека „Apple“ бил во договор со издавачите со цел да ги зголеми цените на електронски книги. Компанијата поднесе жалба на пресудата, па сега се чека епилогот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП