19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВлошени резултатите на Aeroflot

Влошени резултатите на Aeroflot

aeroflotflota

Нето загубата за рускиот „Aeroflot“ за првите девет месеци од оваа година изнесува 3,56 милијарди рубљи (107 милиони евра), во однос на забележаните 17,24 милијарди добивка една година претходно.

Приходите на компанијта во споменатиот период се зголемени за 6,5 проценти, на 236,7 милијарди рубљи, а добивката пред оданочувањето е намалена за 34,1 проценти, на 23,56 милијарди рубљи, пренесува Тас.

Вкупниот долг на „Aeroflot“ на 30. септември оваа година изнесувал 122,5 милијарди рубљи што е за 41,5 проценти повеќе во однос на последниот ден од 2013 година. Во соопштението се наведува дека причина за раст на долгот е зголемувањето на финансиските обврски во договорите, номинирани во странски валути, како и резултат на промената на курсот на рубљата во однос на доларот и еврото.

Трошоците за гориво за тој период пораснале за 9,1 проценти во однос на првите девет месеци од 2013 година и достигнаа 64,74 милијарди рубљи. Тоа е поврзано со динамиката на цената на нафтата и керозинот, слабеењето на курсот на рубљата и зголемувањето на обемот на сообраќајот, проширувањето на флотата и воведувањето на нови дестинации, наведува „Aeroflot“.

Покрај тoа, пораснале и трошоците за авионите и патниците, за 14,5 проценти, на 45,4 милијарди рубљи. Трошоците за работата се зголемени за 20,4 проценти на годишно ниво, на 38,2 милијарди рубљи, се наведува во соопштението на „Aeroflot“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП