18 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЌе се приватизира поголем дел од Rosneft

Ќе се приватизира поголем дел од Rosneft

The Kremlin is reflected in the polished

Рускиот премиер Дмитриј Медведев потпиша денеска указ за приватизација на 19.5 отсто од акциите на „Rosneft“, а ова беше објавено на интернет страната на владата на оваа земја.

Со потпишувањето на указот се изразува согласност за отуѓување на повеќе од две милијарди акции по пониска цена од пазарната, одредена врз основа на извештајот на независните проценители, но не пониска од цената на иницијалната јавна понуда реализирана во 2006-та година, се наведува во документот.

Претходно, директорот на „Rosneft“, Игор Сечин им изјави на новинарите дека компанијата има позитивнен став кон идеите за приватизација на државниот пакет на акции во две транши. Според неговите зборови, цената на акциите при приватизацијата ќе биде околу 8.12 долари.

Министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов уште во август оваа година рече дека приватизацијата на 19.5 проценти на „Rosneft“ е планирано за 2015-та година, а буџетот од оваа трансакција ќе добие 423 милијарди рубљи (околу 7 милијарди евра според моменталниот курс).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП