7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПекабеско со нова линија производи

Пекабеско со нова линија производи

pekabesko pro

Пекабеско ја прошири својата палета на производи и на пазарот го пушти новиот јогурт под брендот Пекабела.

Од компанијата велат дека на ваков чекор се одлучиле следејќи ги потребите на пазарот и вкусот на потрошувачите.

„Пекабеско е компанија со 42­годишна традиција. По повеќегодишни истражувања на пазарот, минатиот месец започнавме со продажба на нови млечни производи. Нашата компанија ги следи потребите и навиките на потрошувачите и секогаш сме подготвени да пласираме производи со одличен квалитет, а истовремено со достапни цени“, велат од Пекабеско.

Од компанијата најавуваат дека тековно се работи на отворање нови линии во делот на редовното производство, а уште нови производи набргу ќе се најдат на домашниот и регионалните пазари.

Покрај овие два типа јогурти, Пекабеско ја зголеми својата Пекабела линија и со две млека со 3,2 и 1,6 проценти млечни масти, како и растителен крем Кремабела.

Павлаката Пекабела, заедно со кашкавалот Ирко, остануваат на пазарот како едни од најпродаваните Пекабеско производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП