27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCockta е четвртиот најдобар кола пијалок во светот

Cockta е четвртиот најдобар кола пијалок во светот

cockta-slovenia

Екипа на британскиот дневник „Financial Times“ ја рангираше „Cockta“ на четвртото место меѓу 13 различни верзии на кола-напитоци кои ги тестирала.

Американска „Сoсa-Сola“ се најде на второто место, пред „Pepsi“, додека на врвот е напитокот „Simply M&S Cola“.

„Наша омилена е „Cockta“, увезена од Словенија, која ја рангиравме на четвртото место. Шармантен пијалок чија главна арома е шипка, и необично, тврдат дека во неа нема кофеин“, наведуваат од „Financial Times“ и додаваат дека во „Cockta“ има јака нота на ванила, дека е јако газирана и слатка.

„Cockta“ некогаш беше словенечки бренд додека хрватската „Атлантик Груп“ во 2010-та не ја превзема „Дрога Колинска“. Напитокот настанал во 1952-ра година од иноваторот Емерик Зелинка откако ги помешал плодовите на шипка, витамин „Ц“, различни лековити билки и карамелизиран шеќер.

„Cockta“ во јавноста за прв пат беше претставена во 1953-та година во Планица, а во првата година беа произведени околу милион литри, додека за време на првите 14 години продажбата растела со 25 проценти годишно. На почетокот на осумдесетите години, „Cockta“ достигна рекордна продажба од 37 милиони литри годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП