26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Баерн Ландесбанк“ против продажбата на балканската мрежа на „Хипо“

„Баерн Ландесбанк“ против продажбата на балканската мрежа на „Хипо“

hi bayern lb

Германската „Баерн Ландесбанк“ се спротивстави на плановите за продажба на филијалите на австриската банка „Хипо Алпе Адрија“ на Балканот и наместо тоа побара од властите во Виена да и ги вратат вложените пари.

Баерн Ландесбанк“, која како поранешен сопственик на „Хипо Алпе Адрија“ има право на вето на продажбата на нејзините филијали, во писмо упатено до Владата во Виена бара да и бидат вратени 2,4 милијарди евра, кои таа ги „впумпалала“ во австиската банка и за кои има гаранции од државата.

Германската банка наведува дека одлуката за одвојување на балканските филијали на „Хипо Алпе Адрија“ во посебна компанија во државна сопственост „Фимбаг“, која, според планот, треба да биде продадена на американскиот фонд „Адвент“ и на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), е донесена без нејзина согласност.

Со противењето на „Баерн Ландесбанк“, се доведува во прашање реализицијата на планот за спас на „Хипо Алпе Адрија“ со издвојување на нејзините филијали во балканските земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП