4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова тужба - банките ги местеле цените на металите

Нова тужба – банките ги местеле цените на металите

metali banki

САД тужи четири големи банки и компании за наводно местење на цените на металите.

Тужбата е поднесена против американската банка „Goldman Sachs“, британската „HSBC“, германскиот хемиски гигант „BASF“ и јужноафриканската банка „Standard bаnk“.

Во обвинението се наведува дека четирите компании во период од осум години, поточно од 2007-ма година, ги местеле цените на платината и паладиумот, кои се утврдуваат двапати на ден, и кои кои инаку се користат во изработка на накит, автомобили и во стоматологијата, пренесува „BBС“.

Споменатите компании, кои се споменати во тужбата, неовластено ги разменувале податоците за клиенетите, кои потоа ги користеле во натамошните пазарни манипулации и за фалсификувани нарачки.

Зад подигнувањето на постапката стои компанијата „Modern Settings“, американски производител на накит и полицајски значки, која наведува дека поради ваквите незаконски постапки, купувачите на метали загубиле повеќе милиони долари.

Европската Комисија веќе во неколку наврати казни некои од најголемите банки за учествување во картели во финансискиот сектор, односно во местењето на каматните стапки „Euribor“ и „Libor“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП