8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПазарната капитализација на Apple достигна рекордни 700 милијарди долари

Пазарната капитализација на Apple достигна рекордни 700 милијарди долари

app 44

„Apple“ постави рекорд, станувајќи првата компанија со вредност од 700 милијарди долари, пишува „BusinessInsider“. Производителот на „iPhone“ веќе беше најскапата компанија во светот, но вредноста на акциите денес се зголеми за речиси 1% или до 119.75 долари, со што се зголеми пазарната капитализација на компанијата до 701 милијарди долари – вредност која би ја поставила на 20-то место во светска ранг-листа на земјите според БДП.

Успехот на „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“ ја зголемија вредноста на акциите на компанијата за повеќе од 60% во последната година. Во октомври таа најави дека продала рекордни 39,3 милиони „iPhone“ уреди во третиот квартал, и предвиде дека најновите нејзини производи ќе ја зголемат продажбата со барем уште 10% по празниците. „Apple“ очекува да продаде повеќе производи од целата 2010-та година само во четвртиот квартал.

Тим Кук, кој го наследи Стив Џобс на функцијата извршен директор во август 2011-та година, изјави на прес-конференција, на која ги презентираше резултатите на компанијата дека побарувачката на новите модели е „изненадувачка“.

„Ние продаваме се што успеваме да обезбедиме. 2014-та година е рекордна“, рече Кук.

Успехот на „iPhone 6“ дополнително ја зголеми вредноста на акциите на компанијата, која надмина 100 долари уште во текот на летото.

Аналитичарите посочуваат дека пазарната капитализација на Apple може да достигне и 1 трилион долари во наредната година. Таа сепак не е „најскапата“ компанија во историјата – според пресметки на „CNBC“ рекордната капитализација на „Microsoft“ од 613 милијарди долари од 1999-та година по денешни цени би одговарало на 875 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП