Добро е познато дека Манчестер Јунајтед има голема армија на навивачи во Азија, па не е чудно што на „Олд Трафорд“ одлучија дел од припремите за следната сезона да ги оддржат во Тајланд.
Всушност, Јунајтед во предсезоната ќе одигра пријателски натпревар во Бангкок, на стадионот „Рахамангал“, против екипата Синга Ол Старс 11.
Англискиот премиерлигаш првпат го посети Тајланд во 1975-та година, а од тогаш екипата имаше можност повеќе пати да игра во оваа земја. Армијата навивачи растеше со текот на времето и достигна бројка од околу 20 милиони, па поради тоа беше одлучено во текот на јули да патуваат во земјата која се наоѓа на југоисток од азискиот континент.
„Нашата посета на Тајланд ќе биде во јули, кога станува збор за стартот на подготвителниот период, но вака одлучивме и поради нашиот однос со навивачите и спонзорите. Јунајтед има околу 20 милиони симпатизери во Тајланд и горди сме што ќе имаме можност повторно да одиме кај нив. Натпреварот кој ќе го играме во Тајланд ќе биде прва во сезоната 2013/2014 и се надеваме дека нашите навивачи ќе уживаат“, вели Гил.
Покрај споменатиот дуел кој ќе биде одигран на 13-ти јули, „црвените ѓаволи“ договорија уште неколку средби во Азија, а противници ќе им бидат Керезо Осака и Јокохама Маринос од Јапонија.