Италијанската банка „Intesa SanPaolo“ ја разгледува можноста за превземање на „Coutts International“, секторот за управување со имот на „Royal Bank of Scotland“ (RBS).
Вредноста на овој сегмент на „RBS“ се проценува на околу милијарда долари.
Како што пренесува „Financiel Times“, „RBS“ на почетокот на август објави дека има намера да го продаде „Coutts International“, кој има голем број на угледни клиенти, меѓу кои е и британската кралица Елизабета.
„RBS“ има во план да го продаде само меѓународното работење на „Coutts International“, а не и британскиот дел, како дознава истиот извор, „Intesa“ се обидува да го наговри „RBS“ да го продаде целото работење на „Coutts International“.
Во септември интерес за купување на „Coutts International“ покажа и швајцарската банка „Julius Baer“.