27 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто треба да јадете компири?

Зошто треба да јадете компири?

boximage (19)

Зеленчукот кој прехранил и спасил од глад многу наши предци некои го нарекуваат „празна“ намирница, која не содржи ништо вредно. Но, дали компирот е нездрав и штетен?

Според некои истражувања пржениот или печен компир не е толку вредна намирница, но тоа е резултат на агресивната термичка обработка која ги уништува сите вредни состојќи. Траба да знаете дека и сите други намирници ги губат своите здрави својства на висока температура.

Едно е сигурно – компирот ниту е штетен ниту е нездрав. Ако, на пример, го варите или печете со кората, компирот ги задржува сите свои вредности кои некои очигледно ги заборавиле. Иако е наречен празна намирница, компирот содржи многу вредни состојќи како фенолни соединенија, со чија количина може да и парира на брокулата.

Компирот содржи и флавоноиди, кои се заслужни за здравјето на срцето и крвните садови, како и за заштита на организмот од карцином, како и некои болести на белите дробови.

Многу луѓе не знаат дека компирот содржи и големи количини на витамин Ц, кој штити од цела низа болести. Компирот е сјаен извор на витамин Б6, како и здрави влакна. Може да се подготвува на бројни начини, но сепак треба да се избегнуваат пржените компирчиња.

Вистина е дека компирот е калоричен и дека не треба да се претерува со количината, но секако не постои причина целосно да го исфрлите од секојдневната исхрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП