7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален профитот на ЧЕЗ

Намален профитот на ЧЕЗ

cez-profit

Чешката електроенергетска компанија ЧЕЗ, соопшти дека нејзиниот нето профит за минатата година бележи намалување за 1,5 проценти и изнесува 1,7 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Прага.

– Очекуваниот пад на добивката се рефлектира од негативните случувања на европските пазари на енергија, значителниот пад на цените на електричната енергија, намалената распределба на дозволи за производство и падот на производството во Чешка, се вели во информацијата која ја испрати ЧЕЗ.

Резултатите, годинава се одраз на случувањата во Албанија, каде на фирмата во јануари годинава и беше одземена лиценцата за работа.

Според портпаролот на ЧЕЗ, Ладислав Криж, веќе е иницирана меѓународна арбитража поради оштетување на инвестициите.

– Сите големи енергетски фирми во Европа напорно се борат со нестабилната средина, со силниот пад на цената на електричната енергија во трговијата на големо и со тешко предвидливата иднина. Тоа, резултира со продажба на имотот и значително намалување на бројот на вработени, смета претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на ЧЕЗ Даниел Бенеш.

Чешката енергетска компанија минатата година инвестирала 2,1 милијарди евра во имот и за развој и модернизација на класичните електрани, како и за зголемување на ефикасноста и безбедноста на нуклеарните централи.

ЧЕЗ е најголема чешка енергетска компанија чиј мнозински сопственик е државата, која поседува 70 проценти од акциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП