11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРаботата во смени го отапува мозокот

Работата во смени го отапува мозокот

Stress-620x330

Последиците од работата во смени или сменското работење се предвремено стареење на мозокот и намалена интелектуална способност, предупредуваат научниците.

Истражувањето на француските и велшките експерти објавено во магазинот „Ocuupational and Enviromental Medicine“ сугерира дека лицата кои со децении работеле во смени кои се спротивни на природниот дневно-ноќен ритам на организмот имаат шест ипол години постар мозок од своите врсници, пренесува BBC.

Штетните последици од работата во смени спротивни на биолошкиот часовник добро се познати, од влијание на развојот на рак на дојка до дебелина. Сега научниците од Универзитетот во Свонси и Тулу одлучија да ги истражат последиците од таквите промени на мозокот.

Три илјади луѓе учествувале на овие тестирања за меморија, брзо размислување и други когнитивни способности.

Мозокот природно назадува со текот на годините а работата во смени го забрзува тој процес, заклучија научниците, бидејќи лужето со децениско сменско искуство на испитувањето имале исти резултати како и луѓето шест ипол години постари од нив.

Добра вест, како што велат истражувачите, е тоа што по престанокот на сменско работење мозокот се опоравува. Но, за тоа му се потребни пет годнини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП