Како и минатите години, така и оваа година, МАМА’С ќе биде дел од ВЕГЕФЕСТ 2014 кој ќе се оддржи на 15 и 16 ноември во Сити Мол. Во овие два дена, од 12 до 20 часот, МАМА’С ќе ја презентира својата колекција на производи кои се со автентичен и широко препознатлив вкус, направени според традиционални рецепти и во себе не содржат конзерванси, адитиви и вештачки бои. Сосотојките со кои се направени МАМА’С се висококвалитетни и собирани од специјално одбрани области во Македонија.
Со ВЕГЕФЕСТ не само што покажуваме колку почвата ни дава превкусна и здрава храна во изобилие, туку пренесуваме и порака дека е можен поинаков свет, свет што нема да се темели на суровост и безумно насилство врз животните. Тоа е свет онаков каков што го посакуваме сите, за доброто на сите. МАМА’С производите се создадени од свеж зеленчук и затоа се погодни за вегани, вегетаријанци, но и сите љубители на убава и здрава храна.
МАМА’С ги повикува сите да дојдат на ВЕГЕФЕСТ и да го посетат нашиот штанд, а во исто време во Carrefour ќе има акција на нашите производи (со купени 2 продукта на МАМА’С (било кој вкус) ајвар од 350 гр. добивате гратис МАМА’С слатко од диви смокви со ореви).