5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОКТА го зголемува пазарниот удел

ОКТА го зголемува пазарниот удел

okta

Оперативните подобрувања продолжуваат веќе трет последователен квартал со зголемена ЕБИТДА и покрај негативното влијание на падот на цените на горивото и зајакнување на американскиот долар.

tabela

Понатамошното зголемување на пазарниот удел на ОКТА и на домашниот и на косовскиот пазар, позитивно влијаеше на финансиските резултати во третиот квартал од 2014 година.

ОКТА бележи  трет последовател квартал со подобрување на оперативниот профит, што главно се должи на понатамошното зголемување на обемот на продажба како и пониските оперативни трошоци, кои се резултат на проектите за трансформација.

Позитивните перформанси во третиот квартал од 2014 беа временоотежнати од падот на меѓународните цени на горивата и зајакнувањетона американскиот долар, кои заедно негативно влијаеја на прилагодената ЕБИТДА на ОКТА во овој квартал за 27 милиони денари. Севкупната ЕБИТДА за третиот квартал достигна 155 милиони денари, во споредба со 167 милиони во третиот квартал на 2013 година. И покрај негативното влијание од меѓународните цени, ЕБИТДА-та за оваа година до септември е 59% поголема отколку во истиот период минатата година.

Работниот капитал и ликвидност на ОКТА на крајот на третиот квартал се задржаа на извонреднониво со достапнипарични средства кои ги надминаапозајмиците за 160 милиони денари. Постигнатата ликвидност ја потврдува здравата финансиска состојба на компанијата и ѝдозволува на ОКТА да ја прошири својата значајна инвестициска програма во области како модернизацијата на нејзините инсталации и намалувањето на влијание врзживотната средина. ОКТА останува насочена кон зголемување на својот удел на пазарите каде работи.

Во текот на овој квартал, ОКТА и понатаму остана фокусирана на нејзинитеопштествено одговорни активности, вклучувајќи ја донаторската кампања за Детската клиника, учеството на нејзините вработени во кампањата на Црвениот крст „Светскиот ден за борба против гладот”, како и придонесот на компанијата во едукативно-ориентирани проекти, како што се донацијата во лабораторијата при Технолошко – Металуршкиот факултет и проширената програма за практиканти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП