3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвиокомпанијата Emirates побогата за половина милијарда

Авиокомпанијата Emirates побогата за половина милијарда

emiratestestes1

Авиокомпанијата „Emirates“ од ОАЕ забележа, во првата половина од фискалната година, раст на профитот од 8,2 проценти на 514 милиони долари.

„Emirates“ го зголеми профитот и покрај суспензијата на летови на неколку рути и затворањето на пистата во Дубаи поради реновирање.

Најголемиот авиопревозник на Блискиот Исток наведува дека приходите во првите шест месеци од фискалната 2014-2015 година пораснале за 11 проценти на годишно ниво на 44,2 милијарди дирхами (12 милијарди долари), додека бројот на патници истовремено е зголемен за 8,4 проценти на 23,3 милиони, пренесува агенцијата Франс прес.

Компанијата наведува дека на гориво се потрошени 38 проценти од вкупните расходи, во однос на 39 проценти во истиот период минатата година.

„Emirates“ во август ги откажа летовите за Гвинеја поради стравувањата од вирусот ебола, а во септември престана да лета во престолнината на Јемен, Сана поради немирите во оваа земја.

Покрај тоа, пистата на меѓународниот аеродром во Дубаи 89 дена била затворена поради реновирање, па дел од флотата бил приземјен.

„Emirates“ има најголема светска флота од „Airbus A380“ и „Boeing 77“7 и лета на 146 дестинации во 83 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП