18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolvo гаси уште 3.000 работни места

Volvo гаси уште 3.000 работни места

volvo logo

Шведскиот производител на возила „Volvo“ ќе укине околу 3.000 работни места во рамките на планот за штедење, со цел да се зголеми рентабилноста, пишуваат медиумите во оваа земја.

Оваа групација со седиште во Гетеборг, соопшти дека со планот за реструктуирање предвидуваат заштеда од 3.5 милијарди шведски круни (380 милиони евра) до крајот на 2015-та, не наведувајќи дека таа мерка ќе се однесува на вработените, пренесува „Ројтерс“.

Од компанијата се уште никој не ја потврди информацијата за намалувањето на бројот на вработени, која прва ја пренесе економскиот весник „Дагенс индустри“.

„Volvo“ вработува околу 110.000 луѓе ширум светот и веќе оваа година отпушти 4.400 работници, како раководни лица, така и во сегментот на производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП