26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Сити веќе ја подготвуваат промената на Пелегрини

Во Сити веќе ја подготвуваат промената на Пелегрини

FBL-EUR-C1-MAN CITY-CSKA MOSCOW

Се повеќе се засилуваат шпекулациите дека раководството на Манчестер Сити ќе го отпушти Мануел Пелегрини. Според „Daily Star“, раководството на „граѓаните“ дури веќе имаат опција за нов тренер, иако ослободувањето на стратегот најверојатно ќе се случи дури на крајот на оваа сезона.

Изборот број 1 за заменик на Мануел Пелегрини во моментот е Диего Симеоне. Тренерот на Атлетико Мадрид имаше неверојатна сезона во минатата година во шампионатот на Шпанија, но и во Лигата на Шампионите.

Аргентинецот стана еден од најпосакуваните тренери во Европа, а беше позврузван дури и со Манчестер Јунајтед по отпуштањето на Дејвид Мојс.

Меѓу имињата кои се споменуваат во англиските изданија за заменик на Мануел Пелегрини, е и тоа на Пеп Гвардиола.

Притисокот околу Мануел Пелегрини се засили во текот на последните недели, најмногу поради слабиот старт на Манчестер Сити во Англија и Лигата на Шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП