5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEtihad: „Вработување на 600 пилоти“

Etihad: „Вработување на 600 пилоти“

etihad1

„Etihad“ има намера со својата политика за проширување да вработи дури 600 пилоти во наредните три години.

Во првата етапа од овој голем проект во „Etihad“ ќе преминат 40 пилоти од „Alitalia“, кои до март 2015 година е планирано да започнат со работа. Пилотите ќе добијат тригодишен договор со можност за продолжување на неопределено по истекот на тој рок.

Планирано е 36 пилоти веднаш да започнат со работа, а останатите во јануари или март, по обуката која се објавува во Академијата на „Etihad“ во Абу Даби.

„Ќе вработиме стотина пилоти со цел да го одржиме ритамот со нашата политика за рапидна експанзија на летечката флота и меѓународната мрежа“, изјави извршниот директор на „Etihad“ Џејмс Хоган.

„Etihad“ поради тоа ќе организира и „Меѓународни денови на вработување“ во Прага, Будимпешта, Ереван и Алжир, како и специјални настани во Лондон и Манчестер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП