5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе продава компанијата AVG?

Се продава компанијата AVG?

avg 2

Компанијата „AVG Technologies NV“, која се занимава со безбедносни софтверски решенија, доби неколку понуди за превземање, за „WSJ“ изјавија извори кои добро се запознаени со тие случувања.

Иако компанијата официјално не е на продажба, раководството ќе ги разгледа пристигнатите понуди, и не се исклучува можноста дека можеби и ќе прифатат некоја од нив. Доколку понудувачите бидат дарежливи, договорот би можел да биде постигнат во следните неколку месеци, наведува истиот извор.

Се дознава дека понудите за превземање се испратени од неколку инвестициски фондови за ризичен капитал, но и од една голема технолошка компанија. Дополнителни детали не се познати, а од „AVG“ се уште нема официјални изјави по повод овие гласини.

„AVG“ е основана во Чешка во 1991-ва година, а моментално седиште има во Амстердам. Акциите на компанијата се наоѓаат на њујоршката берза од 2012-та година. Очекуваните приходи за тековната година се помеѓу 410 и 430 милиони американски долари. По објавените вести за можното превземање, цената на акциите за зголемија за повеќе од 15 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП