4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИING конечно ја враќа добиената државна помош

ING конечно ја враќа добиената државна помош

ing k

Најголемата холандска банка – „ING Groep NV“, најави дека во петок ќе ја направи конечната исплата од 1.03 милијарди евра од добиената државна помош, со што ќе стави крај на шестгодишната постапка за спас.

Од „ING“ исто така најавија добивка за третиот квартал во износ од 928 милиони евра, во споредба со 128 милиони евра позитивен резултат од една година порано, кога профитот настрада од загубата од продажбата на јужнокорејската поделба за животно осигурување.

Прелиминарните очекувања на аналитичарите, кои учествувале во истражувањето на „Bloomberg“, беа за профит во износ со просек од 1.08 милијарди евра. Во моментов „ING“ го завршува повеќе од петгодишниот период на реструктуирање и распродажба на средствата, а компанијата се позиционира повторно на пазарот, веќе не како глобална банка, туку како финансиска институција со активност концентрирана во Европа.

Банката се стреми да го зголеми кредитирањето и депозитите во земји како Германија, Турција и Шпанија, користејќи модел на пониски трошоци, а се потпира и на онлајн и мобилното банкарство.

ING“ исто така, планира да ја врати исплатата на дивидендата во 2015-та година за прв пат, откако беше спасена со државни средства во 2008-ма година. Акциите на „ING“ се зголемија за 11% од почетокот на годината.

„ING“ за последен пат исплати дивиденда на акционерите во август 2008-ма година, непосредно пред да побара од холандската влада 10 милијарди евра помош. Регулаторните тела во ЕУ ја одобрија оваа спасувачка помош под услов банката ги продаде осигурителната дејност и инвестиционите поделби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП