29 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕШеќерот е вистинска бомба за организмот: Еве 11 докази за тоа

Шеќерот е вистинска бомба за организмот: Еве 11 докази за тоа

53538_profimedia0039244752_630x0

Најновите истражувања говорат дека шеќерот прави многу чудни нешта во нашиот организам.

1. Ги обложува органите со маснотии

Фруктозата, го принудува црниот дроб поефикасно да складира масти и тоа на сосема чудни места. Со текот на времето доаѓа до формирање на масни наслаги околу црниот дроб, што предизвикува заболување на црниот дроб, кое било исклучително ретко пред осумдесетите години на минатиот век.

2. Ја подготвува појавата на дијабетес

Секои дополнителни 150 калории добиени после внес на шеќери дневно ги зголемуваат шансите да се добие дијабетес за 1.1 проценти.

3. Хаос од холестерол

Кога ќе се споредат личности со висок холестерол и/или дијабетес и личности со проблеми со дебелина, кај личностите кои внесуваат многу шеќери се забележува најголем пораст на лошиот холестерол и опасните триглицериди, и воедно намалување на нивото на добриот холестерол (HDL).

Прекумерниот внес на шеќер доведува до тоа црниот дроб да произведува повеќе лош холестерол, додека во исто време го спречува и организмот да го исфрли истиот.

4. Лошо влијае на срцето

Срцевите заболувања и дијабетесот се тесно поврзани. Срцевиот и мозочниот удар се најголеми предизвикувачи (65 проценти) на смрт кај личности со дијабетес тип 2.

5. Крвен притисок

Доаѓа до прекумерно лачење на инсулин, кој лошо влијае врз системот за циркулација и врз артериите. Хронично високото ниво на инсулин предизвикува забрзан раст на мускулните ќелии околу крвните садови, а тоа предизвикува и стврднување на ѕидовите на артериите што пак е чекор до високиот крвен притисок.

6. Предизвикува дијабетес тип 3

Невропатологот од Универзитетот Браун, Сузан де ла Монте, го смисли терминот „дијабетес тип 3“ откако нејзиниот тим од соработници први ја откриле врската помеѓу резистентноста на инсулин, исхраната која е богата со масти и Алцхајмеровата болест. Според мислењето на овие научници, Алцхајмерот е болест на метаболизмот, во која е оштетена способноста на мозокот да ја користи глукозата и да произведува енергија.

47201_shutterstock-105565040_630x0

7. Станувате постојано гладни

Редовниот внос на големи количества на шеќер го пореметува испраќањето на пораки до мозокот дека сме сити. Лептинот, хормонот кој испраќа сигнали дека сме сити, не ја врши својата функција, додека фруктозата која сме ја внеле преку шеќерот, постојано предизвикува глад.

47202_shutterstock-125808422_630x0

8. Станувате зависник од шеќер

Шеќерот предизвикува лачење на хемикалии кои влијаат на центарот за задоволство во мозокот, односно на лачење на опиоиди и допамин. Како и кај личностите кои земаат дрога, и во овој случај се развива толеранција на шеќерот, што значи дека е потребно да се внесе се повеќе шеќер за да се постигне чувството на задоволство. При проучувањето на влијанието на шеќерот врз лабораториските глувци, забележано е дека животните започнуваат да чкрипат со забите, да имаат тремор, треперење и станувале анксиозни кога им се одземал шеќерот.

71780_profimedia0157905971_630x0

9. Замор

Премногу шеќер во организмот доведува до постојано чувство на замор. Тоа доведува до трајни промени на шеќерот во крвта, поради што вашиот организам и понатаму ќе бара да посегнете по нешто благо, и така ќе се вртите во овој „магичен круг“.

46968_shutterstock-110822132_630x0

10. Депресија

Постои силна врска помеѓу депресијата и консумирањето на слатки. Личностите кои консумираат многу слатки со текот на времето стануваат поподложни кон депресија.

31765_shutterstock_101108329_630x0

11. Го остарува вашето лице

Шеќерот во крвта се врзува со протеините и така се формираат штетни молекули наречени AGE (Advanced Glycation End Products), кои ги напаѓаат околните протеини, вклучувајќи ги и протеинските влакна на колагенот и еластинот, состојки кои чинат кожата да изгледа цврсто и еластично. Како резултат на тоа, доаѓа до предвремено формирање на брчки и опуштање на кожата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП