26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВеличествен момент во Хокенхајм

Величествен момент во Хокенхајм

R

Audi RS 7 концепт автомобилот кој самостојно се управува без присуство на возач беше поставен на стартната позиција. Програмерите на овој автомобил му го дадоа името Боби.

Зад управувачот немаше никој. Гран-при патеката во Хокенхајм беше подготвена. Пред да започне последната трка од оваа сезона на DTM шампионатот каде што Audi RS 5 DTM автомобилите стартуваа од првите три позиции, „Боби“ Audi RS 7 сепак го помина првиот круг.

Фудбалската ѕвезда на Баерн Минхен Бастиан Шванштајгер беше на совозачкото седиште. Проф  Д-р Улрих Хакенберг член на одборот за технички развој во Audi, го донесе автомобилот на стартната позиција, а потоа го остави сам да се управува. Шванштајгер со зелено знаменце го означи почеток на трката.

Очите на инженерите беа вперени во Audi RS 7, бидејќи во овој концепт беа вложени  повеќе месеци работа. Моментот на вистината е пристигна –  за целиот тим и за пионерот во оваа технологија. “Ние сакаме да покажеме колку безбедно и прецизно нашиот концепт работи“ – изјави господин Бергмилер.

Audi RS 7 концептот на автоматско пилотирање прикажа најдобри перформанси на патеката во Хокенхајм  долга 4,574 km. Технологијата која има моќност од 560 КС максимално забрзуваше на патеката, додека пак системот за сопирање прецизно се активираше на седумнаесетте свиоци. Боби ја следеше идеална линија со прецизно дозирање на моќта.

R

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП