6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТри чаши млеко на ден - ова не е добро за вашето...

Три чаши млеко на ден – ова не е добро за вашето здравје!

mleko4f5r5f5r

Три чаши млеко на ден можат двојно да го зголемат ризикот од предвремена смрт, а притоа воопшто да не ги спречат фрактурите на коските, предупредува новото шведско истражување кое го пренесува британскиот „Telegraph“.

Експертите веќе долги години препорачуваат млеко за да се обезбеди внесот на потребната количина на калциум и одржување на цврстината на коските, а бројните претходни истражувања укажувале на тоа дека млекото штити од болести на срцето и мозочен удар и дека може да помогне во превенција од дијабетис.

Меѓутоа, новите истражувања го покажуваат токму спротивното – шведските научници 20 години набљудувале 61.000 жени и 45.000 мажи и утврдиле дека кај личностите кои најмногу конзумирале млеко воопшто не е забележано намалување на фрактури на коските. Од друга страна, кај жените кои пиеле најмногу млеко било забележано дека ризикот од фрактури дури е и зголемен.

Оние кои пиеле повеќе од седум децилитри млеко имаат двојно поголеми изгледи за предвремена смрт во однос на оние кои пиеле помалку од една чаша млеко, покажало истражувањето чии резултати се објавени во списанието „British Medical Journal“.

Главниот истражувач Карл Михаелсон од Универзитетот Упсала во Шведска вели дека резултатите од истражувањето можат да ја доведат во прашање вредноста на препораката за конзумација на големи количини млеко за да се спречи кршливоста на коските.

Некои научници веруваат дека мастите од млекото го уништуваат позитивното влијание на калциумот предизвикувајќи воспаление на ѕидовите на крвните садови, со што се зголемува ризикот од срцеви удари.

Од друга страна, научниците утврдиле дека млечните производи со ниска масленост како што се сирењето или јогуртот имаат позитивен ефект во намалувањето на ризикот од предвремена смрт и зајакнување на скелетниот систем.

Експертите предупредуваат дека резултатите од шведското истражување треба да се земат со резерва бидејќи мелкото во Шведска содржи витамин А кој би можел да влијае врз резултатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП