5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBritish Petroleum страда поради рубљата

British Petroleum страда поради рубљата

1087053205544fb1a21b3c7317548972_640x394

Профитот на британската енергетска групација „British Petroleum“ е намален во третиот квартал поради падот на цените на нафтата и загубата на вредноста на рубљата.

Во три месеци заклучно со септември, нето профитот на „British Petroleum“ е намален за 63 проценти, на 1,29 милијарди долари (милијарда евра) во споредба со истиот лански период, додека производството е намалено за 2,7 проценти на 2,14 милиони барели, се наведува во соопштението на компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Во соопштението на „British Petroleum“, кој поседува речиси 20 проценти од акциите во рускиот нафтен гигант „Rosneft“, се објаснува дека депресијацијата на рубљата во однос на доларот во тој период, значително влијаела на работењето на „British Petroleum“ во Русија, но и падот на цените на нафтата, кој од средината на јуни значително се намалил, поради наталожувањето на глобалните залихи, што ја наведе американската банка „Goldman Sachs“ да ја намали прогнозата за цената на нафтата за наредните две години.

Извршниот директор на „Goldman Sache“, Боб Дадли, сепак порача дека и покрај ниските цени на нафтата и падот на кварталниот профит, неговата компанија останува на патот да ги исполни целите за цела година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП