6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France-KLM отпушта 7.500 работници

Air France-KLM отпушта 7.500 работници

airfrance_klm

Холандската филијала на авиокомпанијата „Air France–KLM“ планира да укине 7.500 работни места, пишува холандскиот дневник „Algemeen dagblad“.

„Се очекува дека оваа мерка ќе биде објавена утре, кога ќе биде објавен и кварталниот извештај за заработката на француско-холандската компанија“, пишува дневниот повикувајќи се на информации од синдикатот на работници на авионските компании во Холандија.

Портпаролот на компнијата не беше достапен за коментар.

Дневникот наведува дека „Air France–KLM“ се надева дека укинувањето на работните места ќе придонесе за намалување на трошоците и решавање на проблемот со долгот од 4,4 милијарди евра.

Аналитичарите изразија очекување дека авиокомпанијата во својот извештај за третиот квартал ќе пријави пад на приходите од шест проценти и профит повисок за 15 проценти, во износ од 166 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП