4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВиното, јаткастите плодови и чоколадото – моќна храна за силни коски

Виното, јаткастите плодови и чоколадото – моќна храна за силни коски

chokolado545d4ew

Една чаша црно вино, една шака јаткасти плодови или неколку коцки црно чокладо, делуваат превентивно на остеопорозата, тврдат научниците.

Ресвератrолот, материја кoја се наоѓа во црното вино, грозјето, какаото и јаткастите плодови, има анти-воспалителни својства кои можат да спречат намалување на густината на коските.

Данските научници дојдоа до заклучок кој покажува неверојатно влијание на ресвератролот на здравјето на коските.

„Нашето истражување покажува дека ресвератролот го стимулира производството на клетки во коските“, вели д-р. Мери Џул Ерструп која беше дел од тимот на истражувачи.

Во истражувањето учествувале 66 мажи на средна возраст кои страдаат од метаболички синдром. Тие 16 недели земале доза од 500 мг или 75 мг ресвератрол. Кај лицата кои земале повисока доза ресерватрол, забележано е зголемување на густината на коските на ‘рбетот за 2,6 проценти.

Научниците се согласуваат дека резултатите се ветувачки, но неопходни се дополнителни истражувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП