20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarlsberg купува кинеска пивара за 240 милиони долари

Carlsberg купува кинеска пивара за 240 милиони долари

carlsberg pivo ceska

Данскиот концерн „Carlsberg“ склучи договор за купување на 100 проценти од кинеската пиварска компанија „Chongqing Beer Group Assets Management Co. Ltd“.

Во рамките на оваа трансакција под контрола на „Carlsberg“ ќе преминат осум пивари со вкупен капацитет од 12 милиони хектолитри, соопшти „Carlsberg“, пренесува агенцијата Тас.

Консолидацијата на имотот ќе биде извршена во ноември 2014 година, а вредноста на трансакцијата е околу 1,4 милиони дански круни (239 милиони долари).

Групацијата „Carlsberg“ е основана во 1847 година, а денес има повеќе од 43.000 вработени во компаниите во целиот свет. Дневно продава 114 милиони шишиња пиво на повеќе од 150 пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП