28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGSK ќе ги намали трошоците за милијарда фунти

GSK ќе ги намали трошоците за милијарда фунти

gsk 353

Британскиот фармацевтски гигант „GlaxoSmithKline“ (GSK) најави намалување на трошоците во висина од милијарда фунти, по разочарувачкиот профит во третиот квартал.

„Трошоците ќе бидат намали за 1.6 милијарди долари (1.3 милијарди евра), откако „GSK“ во третиот квартал оствари профит по оданочување од 401 милиони фунти, за 59 отсто помалку во однос на профитот за периодот јули-септември во 2013-та година“, стои во соопштението на компанијата.

Обемот на работа на „GSK“ во третиот квартал е намален за 10 отсто на 5.65 милијарди фунти во третиот квартал, додека продажбата на најпродаваниот лек за лечење на астма „Аdvair“ потона за 13 проценти поради силната конкуренција и ценовниот притисок во САД.

„Ќе се обидеме да го рефокусираме нашето глобално фармацевтско работење и базата на трошоците на нашите онколошки филијали и промена на динамиката на американскиот пазар. Очекуваме дека во наредните три години ќе оствариме годишна заштеда од по милијарда фунти“, изјави извршниот директор на „GSK“, Ендру Вити.

Во соопштението на „GSK“, исто така се наведува дека компанијата продолжила да работи на пронаоѓање на вакцина за ебола, која ќе биде достапна за комерцијална употреба до крајот на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП