26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо историја заминува Карловачка пивара

Во историја заминува Карловачка пивара

karlovacka

Пиварата во Карловац заминува во историјата. Името на новата компанија, која и натаму ќе продолжи во истите производствени погони да произведува пиво,ќе биде Хајнекен Хрватска. Оваа вест беше објавена од страна на извршниот директор, Александер Гершбахер.

Хајнекен се одлучи да го смени името, по десет години откако ја презеде управата на компанијата. Па така пиварата во Карловац, чија традиција се навраќа од 1854 година, сврти нова страница во својата историја. Сепак од управата тврдат дека новото име нема да промени многу.

„За вработени тоа не прави апсолутно никаква новина. Ова и натаму ќе остане црвена пиварница и ништо во врска со визуелен идентитет, па дури и во брендови кои ние ги произведуваме нема да има промени. Така да и натаму ќе продолжиме да го произведуваме карловачко пиво и сите други производи кои се со долга традиција. Од друга страна, јас сум исклучително горд што во групацијата на Хајнекен, оваа пиварница има исклучително висок углед и што во овие објекти се полни, Хајнекен. Ова е доказ дека тука, покрај почитувањето на традицијата, се работи по високи светски стандарди“, вели Гершбахер.

Како доказ дека во сега веќе поранешната карловачка пиварница се работи и развива на нови инвестиции е и новото пиво кое ќе се вика Сокол кој ќе биде со пониска цена за разлика од останатите производи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП