5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТриглав осигурување се приклучи на акцијата „Македонија без отпад 2014“

Триглав осигурување се приклучи на акцијата „Македонија без отпад 2014“

triglav osig

Вработените на Триглав осигурување се приклучија на националната кампања „Македонија без отпад 2014“. Над 130 луѓе, меѓу кои и волонтерите на Триглав со нивните семејства и пријатели, членовите на планинарскиот клуб „Скопска Црна Гора“ и извидниците на ПСИО и ИПО „Јадран“, го чистеа врвот Рамно на Скопска Црна Гора од каде се собрани 2,5 тони отпад.

Настанот се одржа под мотото: „Да ги исчистиме планините, да создадеме убави спомени, да го собереме ѓубрето“ и се состоеше во расчистување на дивите депонии од пластика, стакло, конзерви и друг отпад. Собраниот смет е транспортиран до соодветна локација за отпад во општина Чучер Сандево.

Годинашната акција беше организирана во рамки на иницијативата „Да ги исчистиме ридовите и планините“ што Групацијата Триглав ја започна во Словенија пред пет години.

Иницијативата, покрај еколошката порака, има за цел да придонесе кон градење на свеста за безбедно и одговорно планинарење. Проектот е составен дел од активностите за демонстрирање на корпоративната општествена одговорност на Групацијата Триглав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП