28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ даваат 60 милиони фунти за двајца играчи на Евертон

„Ѓаволите“ даваат 60 милиони фунти за двајца играчи на Евертон

coleman-split

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал привлече доста нови засилувања во текот на летото, а меѓу нив најистакнати се имињата на Анхел ди Марија, Маркос Рохо, Дејли Блинд и Радамел Фалкао, но во јануари се очекува да бидат купени уште нови фудбалери.

Во трансфер плановите на Холанѓанецот се најде дуо на Евертон. Станува збор за дефанзивецот Симус Колман и халфот Рос Баркли, за кои Ван Гал ќе понуди 60 милиони фунти.

Стручниот штаб на „црвените ѓаволи“ во Колман гледаат идеален конкурент на Рафаел на десната бековска позиција.

Додека пак, 20-годишниот Баркли кој е следен од голем број европски клубови, во Јунајтед се надеваат дека тој ќе биде одлична замена на Шпанецот Хуан Мата, кој е се поблиску до трансфер во Италија, каде е баран од страна на Јувентус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП