24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕуролинк осигурување ќе избира најдобра фотографија на тема „Емотивната страна на културата“

Еуролинк осигурување ќе избира најдобра фотографија на тема „Емотивната страна на културата“

eurolink 

Еуролинк осигурување го објави својот прв голем фото – натпревар во рамките на проектот „Денови на фотографијата“. Почнувајќи од 15 октомври 2014 и користејќи ја фотографијата како израз за да се илустрира „Емотивната страна на културата“, Еуролинк ги поканува сите аматери и професионалци да испраќаат фотографии со најемотивните моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.

Периодот на пријавување е до 15 ноември 2014 год. на Facebook фан страната на Еуролинк осигурување: www.facebook.com/eurolinkmk.

Пристигнатите авторски фотографии ќе бидат разгледани од страна жири – комисија, составена од етаблирани професионални фотографи и фото уредници. Тие ќе одлучат за најдобрите три фотографии, на чии автори ќе им бидат доделени вредносни ваучери во висина од 60.000 денари, 30.000 денари и 15.000 денари.

Исто така, преку јавно гласање за најдобрите фотографии на Facebook профилот на Еуролинк осигурување, и заедно со одлука на стручното жири, ќе бидат селектирани 30 најдобри фотографии кои понатаму пред јавноста ќе бидат претставени на изложба која ќе има продажен карактер и која ќе биде отворена на 20 ноември во фоајето на Македонската опера и балет во Скопје. Собраните средства од продажната изложба на фотографиите ќе бидат донирани во одделот за Дигитални уметности (фотографија) во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.

Најдобрите 12 фотографии, што ќе содржат своја уникатна интерпретација на „Емотивната страна на културата“ преку фотографскиот објектив, ќе бидат дел од календарот за 2015 година, чија промоција ќе биде во втората половина од декември 2014 год.

„Денови на фотографијата“ е дел од платформата за општествена одговорност “Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности” чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура и уметност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП