21 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТВ правата во Премиерлигата ќе се продадат за 4 милијарди!

ТВ правата во Премиерлигата ќе се продадат за 4 милијарди!

anglija tv prava 2

Во следните месеци се очекува да започнат преговорите за најголемата телевизиска зделка во историјата на фудбалот. Англиските ТВ магнати „Скај“ и „БТ Спорт“ ќе влезат во конкуренција со гиганти како „Гугл“ и „Епл“ за правата за емитување на Премиер лигата во периодот 2016-2019 година, а преговорите со претставниците на англискиот шампионат најверојатно ќе стартуваат околу Нова година.

Се очекува вредноста на трансакцијата за тригодишниот период да надмине 4 милијарди англиски фунти, што, сосема разбирливо, ќе ја претвори во рекордна за фудбалската историја.

Според проценките на англиските медиуми емитувањето на еден натпревар од шампионатот на Англија ќе ги чини телевизиите 7 милиони англиски фунти. Секој тим од 20-те во Премиерлигата, пак, ќе има гарантиран минимум од 100 милиони фунти од ТВ права.

Актуелниот договор за емитување на натпреварите од англиската Премиер лига истекува на крајот на следната сезона 2015-16 и токму тоа е причината преговорите за нов договор за ТВ правата на натпреварите да стартуваат наскоро. Цената на производот ќе се покачи значително поради желбата на конкурентот на „Скај“ – „БТ Спорт“, да се здобие со поголем пакет од натпревари.

Другите „играчи“, кои се очекува да бидат инволвирани во наддавањето, се гигантите „Гугл“ и „Епл“, кои имаат амбиција да го пренесат уште посериозно фудбалот во интернет просторот.

Цената на пакетот ќе се покачи за најмалку 1 милијарда фунти, од сегашниот договор, исто рекордер во оваа област, а беше во вредност од 3 милијарди англиски фунти. Многу реално според експертите е зголемувањето на цената да е дури уште поголема од предвидувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП