3D печатењето веќе е на сосема поинакво ниво со „Strati“, првиот светски автомобил, создаден со 3D печатач.
Автомобилот е прв од ваков вид, а телото и шасијата му се печатени заедно од американската компанија „Local Motors“. За разлика од други автомобили, кои се произведени денес, „Strati“ е рентабилен и штеди време за производство на возилото.
Потребни се само околу 44 часа, автомобилот да биде отпечатено и направено од „ABS“ пластика, засилена со карбонски влакна. Тoj е направена од околу 50 делови, за разлика од илјадниците кои денес се користат за изработка на обичните автомобили.
Кога ќе влезе во масовно производство во 2016-та година, „Strati“ ќе чини околу 18.000 долари. Се смета дека ќе направи револуција во производството на возила.