25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот GT на KIA ќе добие сериска верзија (фото)

Концептот GT на KIA ќе добие сериска верзија (фото)

Kia-GT-0

Високи претставници на „KIA“ на авто-саемот во Париз го потврдија сериското производство на елегантната лимузина со четири врати од високата класа базирана на „GT Concept“ од 2011-та година. Во продажба на американскиот пазар би можела да се појави во 2016-та година.

Kia-GT-2

„KIA“ со новиот модел најпрво ќе се ориентира на американскиот пазар, но не исклучена можноста за европски верзии со дизел мотор.

Како што веќе се навикнавме, „KIA“ одреди конкуренти како што се „Porsche Panamerа“ и „Audi A7“ од кои новата лимузина „GT“ би требало да биде поповолна со еднаква удобност и технологија.

Kia-GT-4

Во „KIA“ се свесни дека ваков модел нема да донесе големи продажни бројки, но лимузините со четири врати во моментов се во тренд, а со новата лимузина сакаат да се потврдат како еден од водечките производители, кога станува збор за модерниот дизајн на автомобилите.

Kia-GT-6

Во форма на концепт, „GT“ користи 3.3-литарски „turbo V6“ со 389 KS поврзан со автоматски менувач со осум брзини и погон на задните тркала. Концептот имаше и задни врати кои се отвораа во спротивна страна, но сериската верзија најверојатно нема да ги има.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП