25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса нема да игра во Примера ако Каталонија прогласи независност

Барса нема да игра во Примера ако Каталонија прогласи независност

barsa farsa 33

Доколку Каталонија се одвои од Шпанија, на Барселона нема да и биде дозволено да игра во Примера, изјави претседателот на шпанската фудбалска федерација, Хавиер Тебас, пред најавениот референдум за каталонската независност кој ќе се одржи следниот месец.

„Шпанските закони се јасни, а според нив Барселона нема да право да игра во шпанската лига, ако Каталонија стане независна држава. Нормално неможе да се замисли нашата лига без Барселона, но законот е јасен“, вели Тебас.

Раководството на Барселона јавно не се изјасни како тие гледаат на референдумот, но се огласи поранешниот претседател на Барса, Жоан Лапорта кој го повика клубот да ја поддржи независноста.

„Барселона е симбол на Каталонија и таа мора да биде во првите редови во борба за наша независност. Знам дека Барселона има многу навивачи и надвор од Каталонија, но тие немораат да молчат“, вели Лапорта.

Ѕвездите на Барса, Чави и Пике јавно се изјаснија за каталонската независност и референдум.

„Играм за шпанската репрезентација, но јас сум Каталонец. 11 години настапувам за оваа репрезентација и тоа нема врска со референдумот и моите демократски права. Луѓето мораат да имаат право да кажат што сакаат“, рече Пике.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП