25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot Quartz - концептниот кросовер на францускиот производител (фото)

Peugeot Quartz – концептниот кросовер на францускиот производител (фото)

peugeot quartz 4

„Peugeot“ на саемот во Париз на посетителите им го прикажа и новиот концепт „Quartz“ кој е направен на „EMP2“ платформата.

Концептот „Quartz“ (инаку во комбинација на „Mineray“ сива и мат црна боја, со црвени детали) покажува како во „Peugeot“ ја замислуваат „high-performance SUV“ иднината, која според соопштението на францускиот производител е комбинација на тело на „SUV“ со кабина на седан.

Влегувањето во возилото е олеснето со тоа што „Quartz“ нема „B“ столбови, а има место за четири патници, мултифункционален волан, дигитална инструмент табла и „head-up“ дисплеј.

peugeot quartz 44

„Peugeot“ истакнува дека концептот е долг 4500 mm, широк 2060 mm, додека алуминиумските тркала се од 23 инчи со „Continental“ гуми (305 mm).

Возилото има хибриден погон, што подразбира комбинација на 1.6-литарски „THP“ четирицилиндарски тубро бензинец со 270KS и два електромотори со по 115KS. Менувачот е шестстепен автоматик, погонот е на сите четири тркала, а само со електромоторот „Quartz“ може да помине околу 50 km.

Peugeot Quartz 11111111

Исто така, возачот може да ја подесува висината на суспензијата (помеѓу 300 и 350 mm), a системот има и технологија која го скенира патот пред возилото во комбинација на камера и податоци за навигација.

Засега од францускиот производител истакнуваат дека сакаат да ја видат реакцијата на пошироката јавност за овој концепт, па потоа да размислат дали „Quartz“ ќе добие производствена верзија со истото или друго име.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП