18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпортскиот концепт на Volkswagen со агрегат од моторцикл (фото)

Спортскиот концепт на Volkswagen со агрегат од моторцикл (фото)

xl sport

На парискиот авто-саем „Volkswagen“ ќе изложи концепт на спортски автомобил кој е заснован на економичниот двосед „XL1“. Наместо оргиналниот хибрдиен дизел-електричен погон, кој го користи „XL1“, спортскиот концепт погонскиот систем го позајми од мотоциклот „Ducati Superleggera“.

Саемот за автомобили во Париз се уште не е започнат, а изненадувањата се редат едно по друго.

xl sport1

Најпрво „Lamborghini“ го прикажа „Plug-in“ хибридниот концепт, а потоа „Volkswagen“ го претстави спортскиот автомобил со „V2“ агрегат од мотоцикл.

„Volkswagen XL Sport“ користи модификувана, ултра лесна каросерија за моделот „XL1“ од композити на засилени јаглеродни влакна, па така масата на автомобилот изнесува само 890 kg.

Покрај тоа, „XL Sport“ има одлични аеродинамички карактеристики, со оглед дека неговиот отпор на воздух изнесува 0,258.

xl sport2

Автомобилот во кој може да се сместат две лица е долг 4.291 mm, широк 1.847 mm, a висок само 1.152 mm, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2.424 mm.

За разлика од моделот „XL1“, кој за погон користи 0.8-литарски двоцилиндарски дизел мотор и електромотор, „VW XL Sport“ е опремен со најмоќниот сериски двоцилиндарски мотор, 1.2-литарски „V2“ бензинец превземен од моделот „Ducati 1199 Superleggera“.

Овој агрегат произведува 200 ks и може да се „врти“ на дури 11.000 o/min.

xl sport3

Моќта на моторот се пренесува на задните тркала на автомобилот со помош на седумбрзински „DSG“ менувач со двојно квачило.

„Volkswagen“ тврди дека „XL Sport“ е во состојба од место до „стотка“ да стигне за 5.7 секунди и да ги развие максималните 270 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП