18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAsterion - првото Lamborghini со хибриден погон (фото+видео)

Asterion – првото Lamborghini со хибриден погон (фото+видео)

asterion

„Lamborghini“ пред стартот на саемот во Париз го претстави концептот „Asterion“. Тоа е првиот автомобил на италијанскиот производител кој покрај бензинскиот мотор за погон ќе користи и електрична енергија.

„Lamborghini Asterion LPI 910-4“, како што е целото име на концептното возило, означува пресвртница во историјата на компанијата.

Иако станува збор за прототип, „Asterion“ најавува можност дека „Lamborghini“ исто како „Ferrari“, „Porsche“ и „McLaren“, еден ден на купувачите ќе им понуди сериски модел со „Plug-in“ хибриден погон.

asterion1

Покрај тоа, „Asterion“ со својот ретро стил се разликува од дизајнот на актуелните модели на „Lamborghini“.

Кога станува збор за името, италијанскиот производител и овој пат остана верен на традицијата, со оглед дека „Asterion“ е второто име за Минотаур, чудовиште од старогрчката митологија со глава на бик и тело на човек.

Како и досега, „LP“ означува должински поставен мотор, додека буквата „I“ во додатокот се однесува на хибридниот погон (од италијанскиот збор „ibrido“).

asterion2

Вкупната моќ на хибридниот погон е дефинирана со бројот 910, а бројот 4 претставува погон на сите четири тркала.

Срцето на погонскиот систем и натаму е бензински 5.2-литарски V10, кој е позајмен од моделот „Huracan“. Моторот произведува 610 ks (449 kW) и 560 Nm, но кај „Asterion“ целата моќ се пренесува само на задната осовина.

asterion3

За преносниот систем е употребен седумбрзински автоматски менувач со двојно квачило.

Покрај бензинецот, автомобилот има и три електромотори, од кои два се наоѓаат на предната осовина. Вкупната моќ на електричниот агрегат изнесува 300 ks (220 kW) и се пренесува на предните тркала.

asterion4

Електромоторите се напојуваат со литиум-јонски батерии поставени во централниот тунел, во подот на возилото. „Lamborghini“ вели дека хибридната технологија ја зголеми масата на „Asterion“ за 250 kg.

Вкупната моќ на погонскиот систем достигнува 910 ks, а тоа му овозможува на автомобилот од 0 до 100 km/h да забрза за 3 секунди, додека максималната брзина е 320 km/h.

„Asterion“ може да се движи и само со помош на електрична енергија, а во тој случај моќта се пренесува само на предната осовина.

asterion5

Во електричниот режим на возење, возилото може да достигне најмногу 125 km/h, a концептот може да помине и до 50 km, пред да се испразни батеријата.

Погледнете ја виртуелната презентација на работата на погонскиот систем на концептот „Asterion“:

Од „Lamborghini“ не соопштија какви се идните планови во врска со „Asterion“. Со оглед дека станува збор за целосно нова погонска концепција, компанијата најверојатно ќе почека да ја види реакцијата на публиката и експертската јавност, пред него да се одлучи за продукциски автомобил со хибриден погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП