2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДЗС: Во 2012 во Македонија биле активни 74.424 деловни субјекти

ДЗС: Во 2012 во Македонија биле активни 74.424 деловни субјекти

zavod-statistika

Во Македонија во текот на 2012 година имало 74.424 активни деловни субјекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Најголем дел од нив 27.307 или 36,7 отсто се од секторот трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, по што следи преработувачка индустрија со 8.251 субјекти или 11,1 проценти.

Најмалку се застапени деловните субјекти од секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 134 или 0,2 отсто и рударство и вадење на камен со 182 субјекти или 0,2 процента.

Најголем дел од активните деловни субјекти или 82 отсто се со еден до девет вработени, 9,6 отсто се без вработени или не го прикажале податокот за вработени, 3,9 проценти се со 10 до 19 вработени, 2,4 со 20 до 49, 1,7 отсто со 50 до 249, а само 0,3 проценти имаат над 250 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП