1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКанадската „Резервоир минералс“ заинтересирана за долгорочно инвестирање во Македонија

Канадската „Резервоир минералс“ заинтересирана за долгорочно инвестирање во Македонија

minerals sss

Канадската компанија „Резервоир Минералс“ работи во Македонија повеќе од една година на истражување злато на Кожуф Планина, на локалитетот Коњско. Концесијата ја добија во 2013 година, а досега во истражување имаат инвестирано 750 илјади евра. Концесијата е издадена на период од четири години.

„Заинтересирани сме за долгорочно останување во Македонија. Работиме една година на оваа концесија. Засега резултатите ни се охрабрувачки така што продолжуваме да работиме на оваа концесија, но и на зголемување на инвестициите за што имаме поднесено иницијативи за повеќе концесии“, изјави денеска претставници на компанијата на презентацијата на своите активности.

Потенцираа дека во истражувањето развиваат бизнис на заедничко работење со светски познати рударски компании, а во регионот се успешни во своите активности во Србија.

„Засега во Македонја за 1,5 година имаме само една концесија и вложено околу 750 илјади евра. Оваа инвестиција се однесува само на еден проект и се надеваме дека ќе имаме и други проекти“, истакнаа од компанијата.

Во регионот се присутни 10 години, а за Македонија сметаат дека има позитивна бизнис клима и оти тоа е причина да продолжат со инвестирањето и тоа не само со нови концесии, туку и со рударство.

Позитивно го оценуваат законодавството за рударство, активната рударска индустрија, висококвалификуваните македонски технички стручни лица за истражувачката и рударска индустрија и слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП