20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdidas во проблеми поради тоа што неможе да привлече експерти во своето...

Adidas во проблеми поради тоа што неможе да привлече експерти во своето седиште

adidas-factory-outlet-herzogenaurach

Пазарниот дел на „Adidas“ го превзема „Nike“, бренд кој потрошувачите го сметаат за повеќе „cool“. „Nike“ е сместен во американскиот град Портланд, додека седиштето на „Adidas“ е во Херогенаурах во Баварија, потополно непривлечно место за професионалците за кои платата веќе не игра никаква улога, пишува „Business Insider“.

„Adidas“ поради тоа дизајнот го довери на неколку локации во САД, а вложува и во нови објекти во Баварија, каде „Adidas“ ја основаше Ади Далсер во 1949-та година.

„Потребни ни се многу врвни таленти. Идеално е да работат во технолошката индустрија, маркетинг организацијата или да доаѓаат од водечките конкурентски компании. Поради тоа ни е потребна околина која ќе им биде првилечна“, вели Стив Фогарти, одговорен за брендирање на вработените и дигитална регрутација.

„Дизајнерите гравитираат кон големите меѓународни градови, како што се Берлин, Амстердам, Лондон, па поради тоа тешко е да ги наговорите да се преселат во средишна Германија“, вели Фогарти.

Пол Гудино, кретивниот директор на „Adidas“ најави дека компанијата ќе отвори мало кретивно студио во Њујорк во Бруклин во 2015-та година кое ќе го водат тројца млади дизајнери кои ги превземале од „Nike“ со цел да ја истражат насоката на дизајнот за брендот.

Во „Adidas“ има вработено околу 52.500 работници, од кои 3.900 работат во средината на Баварија. Од компанијата порачаа дека сакаат секоја година да вработат по 100 до 150 нови вработени кои би работеле во седиштето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП