28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаководители на Apple продале акции од компанијата

Раководители на Apple продале акции од компанијата

World AIDS Day

Во текот на септември петмина раководители на „Apple“ продале поголема количина на сопствени акции од оваа компанија, остварувајќи значително големи приходи. Земајќи во предвид дека токму во тој период акциите на „Apple“ биле близу својот историски максимум, се чини дека овие менаџери, на чело со Тим Кук, го избрале вистинскиот момент за продажба.

Сите продажби се случиле од 5-ти до 22-ри септември, а датумите на продажба не се поврзани со претставуањето на новите уреди „iPhone“ и „Apple Watch“ на 9-ти септември, се продавало и пред и по таа манифестација. Покрај тоа, овој процес го следеше и американската комисија за хартии од вредност „SEC“, со цел да спречи тргување на акции со привилегирани информации.

Според достапните податоци, Тим Кук продал 348.425 акции и заработил преку 35 милиони долари (поточно, 35.250.297). По оваа продажба му останале уште 950.767 акции, односно помалку од 1% удел во компанијата.

Покрај него, акции продавале и оперативниот потпретседател Џефри Е. Вилијамс, потпретседателот за правни прашања Брус Д. Сивел и шефот на маркетинг Фил Шилер (секој по 348.846 акции), како и финансискиот директор Лука Маестри (16.374 акции).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП