20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретпродукциски Civic Type R пристигнува во Париз (фото)

Претпродукциски Civic Type R пристигнува во Париз (фото)

r type civic

„Honda“ на авто-саемот во Париз ќе престави уште еден концептен „Civic Type R“, како најава на продукциската верзија која ќе се најде во продажните салони во 2015-та.

Иако очекувавме по првиот концепт, кој беше прикажан во Женева, „Honda“ во Париз да ги открие сите детали и конечно да го претстави серискиот „Civic Type R“, тоа сепак нема да се случи.

Наместо тоа, на штандот на јапонскиот производител ќе биде преставена уште една концептна верзија на овој автомобил, која практично преставува претпродукциски модел.

r type civic1

Освен што е обоено во друга боја, новото концептно возило не се разликува од претходното. Автомобилот има многу аеродинамички додатоци, како што е предниот браник со сплитер и дополнителни елементи на праговите.

На задниот дел на концептот се наоѓа голем спојлер и моќен дифузор, кои се тука да ја канализираат моќта на автомобилот. Динамичниот изглед во целост се надополнува со проширените крила и четирите хормирани цевки со кои завршува издувниот систем.

r type civic2

Кога станува збор за техничките податоци, „Honda“ не откри некои нови детали за идната сериска верзија на моделот „Civic Type R“. Во оваа компанија тврдат дека овој автомобил според перформансите ќе ги надмине сите досегашни „Type R“ модели.

„Моторот кој ќе биде во „Civic Type R“ е супериорен во поглед на моќта и вртежниот момент со било кој претходен „Type R“ модел“, објаснува Суехиро Хаши, кој во развојното одделение на „Hondа“ е задолжен за „Civic Type R“.

r type civic3

Тој не ги откри конечните спецификации на моторот, но потврдено е дека станува збор за цетирицилиндарски 2.0-литарски турбо-бензинец кој произведува преку 280 ks.

„Honda“ за разлика од конкуренцијата, која во слични спортски модели обично користи менувач со двојно квачило, одлучи моторот да го поврзе со класичен шестбрзински мануелен менувач, кој на сопствениците на овој автомобил ќе им овозможи „максимално уживање во спортското возење“.

r type civic4

„Мануелниот менувач му овозможува на возачот да го избере степенот на пренос кој го сака. На пример, кога се приближува до кривина, може директно да промени од петта во трета брзина“, вели Хаши.

„Honda“ на моделот „Civic Type R“ ќе го претстави и т.н. „+R“ копче. Оваа команда се наоѓа на воланот, а со негово притискање се менуваат каратеристиките на моторот, управувачот и системот за суспензија.

r type civic5

„Во стандардниот режим „Civic Type R“  е значително агресивен спортски автомобил кој со уживање може да се користи во секојдневното возење. Со вклучување на „+R“ опцијата, тој станува уште подинамичен автомобил, подготвен за возење на тркачка патека“, објаснува Хаши.

Новата „Honda Civic Type R“ ќе се произведува во фабриката Свиндон во Велика Британија, а на пазарот ќе се појави во 2015-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП