23 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНевил: Манчестер мора да потроши уште 100 милиони!

Невил: Манчестер мора да потроши уште 100 милиони!

manut

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фил Невил смета дека овој клуб мора да потроши уште 100 милиони фунти за доведување на нови играчи, нормално доколку сака да се бори за титулата.

„Знам дека Јунајтед ова лето потроши 150 милиони фунти за трансфери. Мислам дека во следните два преодни рока клубот треба да потроши околу 100 милиони фунти, пред него да започне воопшто да смета за освојување на титулата“, вели Невил.

„Ѓаволите“ минатата сеозна под водство на тренерот Дејвид Мојс, завршија на седмото место на табелата.

Ова лето тимот го превзема Луис ван Гал, кој во преодниот рок потроши 150 милиони фунти за да ги доведе Анхел ди Марија, Лук Шо, Андре Ерера, Маркос Роха, Далеј Блинд и Радамел Фалко, кој пристигна како позајмен играч.

„На клучната позиција во тимот – централен бек, потребно е засилување. Исто така, треба засилување на средината на теренот. Ова лето во понудата немаше првокласен централен бек и поради тоа мислам дека Јунајтед во наредните два преодни рока, мора да побара добар играч на таа позиција“, додаде Невил, кој од 1995-та дo 2005-та година играше за Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП