27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија ќе ги исчисти долговите до крајот на годината

Борусија ќе ги исчисти долговите до крајот на годината

borusija 333

Борусија Дортмунд ќе ги расчисти своите обврски до крајот на годината. Ова ќе се случи по зголемувањето на капиталот со 114 милиони евра, потврди извршниот директор Ханс-Јоаким Вацке.

„Долговите на Борусија ќе бидат дел од минатото на крајот на годината. Очекувам во наредните недели обврските да дојдат до нула“, изјави Вацке.

Според него клубот имал потреба од зголемување на капиталот за да инвестира во својот развој.

Важна улога за финансиските успеси одигра купувањето на акции од страна на спонзорите „Пума“, „Евоник“ и „Сигнал Идуна“. Вацке коментираше дека во иднина клубот веќе може да се развива на многу нивоа.

Од Борусија најавија промет од 260.7 милиони евра за 2013-14 година. Раководството на „жолто-црните“ цели на поминување на границата од 300 милиони евра во 2018-та година.

„Има разлика дали доаѓаш од четвртфиналето во Лигата на Шампионите или си отпаднал уште во групите. Но, она што сакаме е да поминеме 300 милиони евра, без да правиме трансфери“, објасни Вацке.

Само пред помалку од десет години клубот беше на прагот на банкрот. Сега Борусија чекори по стабилен и уверен пат кој е во нагорна линија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП