1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ досега загубила пет милијарди евра од руските санкции

ЕУ досега загубила пет милијарди евра од руските санкции

uvoz1

Европската унија досега загубила пет милијарди евра од воведувањето на руските контра-санкции со забрана за извоз на земјоделски производи на земјите-членки на Унијата на рускиот пазар.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова денеска на прес-конференција во европската престолнина го соопшти Дачијан Чолош, еврокомесар за земјоделство и рурален развој. Според Чолош, Русија е втор комерцијален партнер на ЕУ за земјоделски прозиводи и 10 отсто од земјоделските и прехранбените производи на Унијата одат во Русија.

Руските мерки не чинат два отсто од вкупниот и вкупно изнесуваат пет милијарди евра. Ова ембарго се однесува на некои сектори, пред се оние за овошје и зеленчук каде се одвива 29 отсто од ЕУ-извозот кон Русија, како и 33 отсто од извозот на сирење и 20 проценти на масло.

Влијанието на овие санкции е концентрирано во некои земји-членки на ЕУ – посочи комесарот Чолош.

Според првиот човек на Унијата за земјоделство, откако Руската федерација ги обзнанила контра-санкциите, ЕУ сакала да преземеме се што може за истите да не ја загрозат стабилноста на европскиот пазар за земјоделски и прехранбени производи, што може да има реперкусии врз фармерите и земјоделците. Тој посочи дека за таа цел, официјален

Брисел усвоил нови мерки и инструменти на зедничка земјоделска политика, што дава поголема можност за интервенција, пред се во однос на секторите за овошје и зеленчук.

Чолош посочи дека се превземени мерки за повлекување од пазарот и бесплатна дистрибуција за лица на кои им се најпотребни, како и за намалување на производството на некои производи за кои е намален пласманот, односно т.н. зелена берба во некои подрачја.

Првиот пакет мерки е за праските нектарина, а минатиот месец се донесени и во однос на млечниот сектор, складиштење на маслото, сирењето и млекото во прав, што ќе ни овозможи да најдеме нови пазари за тие производи. Втор пакет за кој размислувавме е бараме нов пазар за тие производи. За месото, млечните призводи и овошјето и зеленчук одлучивме да удвоиме финансиската промоција за што првично наменивме 30 милиони евра, а истата денеска ја зголемивме на 60 милиони евра со цел итно да ги финансираме програмите на промоција за алтернетивните пазари – истакна Чолош.

Според еврокомесарот за земјоделство, вкупно се наменети 120 милиони евра за промоција на овие производи на трети пазари, од кои 60 милиони евра се од ЕУ, а останатите од приватни придонеси. Третиот пакет, пак, определен од Еврокомисијата, се однесува на целна компензација и надокнада на штетите на целни лица и компании, мали и средни земјодески стопанственици, кои најмногу се погодени од руските контра-санкции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП